Измама или политичка игра! Српско списание објави лажно интервју со Трамп…

од desk3

Српското списание Nedeljnik истражува како до редакцијата дошло лажното интервју со Доналд Трамп, направено од луѓе кои тврделе дека се блиски до кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија.

trampe
Во четвртокот списанието објави извадоци од “интервју” со Трамп, што било направено со помош на Сузане Јаворовски, советник на Трамп и раководител на неговата кампања во државата Индиана.Од редакцијата испратиле до POLITICO маил во кој објаснуваат како над една година се обидувале да дојдат до Трамп за интервју.
Откако виделе дека по нормалните канали не се добива од Nedeljnik се поврзале со Владимир Рајчиќ, актер и продуцент со српско потекло, кој живее во САД. Тој докажал пред редакцијата на списанието блиски контакти со Мајк Пенс и понудил помош за решавање на интервјуто со Трамп. Во септември од списанието испратиле прашањата на Рајчичќ и чекале трпеливо да ги добијат одговорите.
“Конечно ги добивме, потпишани од Сузане Јаворовски, која работи за кампањата на Трамп во државата Индијана”, пишува во пораката од Nedeljnik до POLITICO.
“И ги проверивме ингеренциите н и решивме да поверуваме на човекот кој ни испрати мејл преписка и фотографии. ”
Јаворовски од своја страна изјави дека од Nedeljnik го фабрикувале интервјуто во кое републиканскиот кандидат навидум се извинува на Србија за бомбардирањето во 1999 кое НАТО го изврши против Србија.
Јаворовски рече дека неодамна се сретнала при прибирање на средства со маж од српско потекло кој кажал дека дејствувал да стане претседател на оваа балканска земја и кој изразил интерес за поддршка на кампањата на Трамп. Таа ги предала информациите за него, и претполага дека размената на пораки со него може да довело до она што таа го нарекува лажна информација за интервју.
Од српското списание продолжуваат да ја докажуваат својата невиност: “ни беше кажано дека г-дин Трамп ги видел нашите прашања и дека бил нестрплив да ја добие поддршката на Американците од српско потекло, особено во државите, каде резултатите се нејасни.” Nedeljnik тврди дека досега ниту една информација, која се појавила на неговите страници, не била побиена. Во петокот наутро списанието излезе од насловната слика на Трамп и два цитата од “интервју” со него, а во едниот милијардерот се извинува за бомбардирањето на НАТО против Србија.

Слични содржини