Израел истрела проектили кон сириски град

од Stefanija Kuzmanovska

Израел истрела проектили кон градот Хомс во Сирија, објавија сириските државни медиуми.

Воен извор за агенцијата САНА изјавил дека денеска, нешто по полноќ, Израел извршил воздушен напад од правец северно од Триполи, гаѓајќи повеќе точки во градот Хомс и неговата околина.

Сириската противвоздушна одбрана собори неколку проектили, изјавил изворот за агенцијата.

САНА наведува дека во овој ракетен напад има повеќе цивилни жртви.

Израел со години извршува напади врз, како што тврди, цели поврзани со Иран во Сирија, а од почетокот на конфликтот со палестинскиот Хамас на 7 октомври овие напади се интензивираа.

Слични содржини