Јункер за ZDF: ЕУ никогаш нема да биде една држава

од desk2

Во интервју за германскиот телевизиски канал ZDF, по повод 60-тиот “роденден” на Европската унија, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер истакна дека Европа никогаш нема да биде една држава.

На прашањето како гледа на иднината на Заедницата, луксембуршкиот политичар истакна дека таа ќе остане разновидна и шарена во културна смисла. “Никогаш не сум бил приврзаник на концептот на Соединетите Европски Држави – како млад – да, но сега веќе не сум. Никогаш нема да го доживеем претворањето на ЕУ во една држава.

Не се наоѓаме и на патот на националнизацијата, кој е по моделот на САД. Ми се допаѓа да сум државјанин на Луксембург, да сум Европеец, на други им се допаѓа да се тиролци, Австријци, баварците, бретанци. Сите тие припаѓаат на европската разновидност. Кој сака да направи од Европа непознатлива смеса, не разбрал ништо за неа, за својата разновидност, боја и културно богатство. Европа може да биде убиена, ако се загуби во егалитаризмот “. Неа, сепак ќе ја има – не само по 10 година, но и по многу повеќе време уверува Јункер.

Слични содржини