Ќе платат по 2.000 евра: Осумина скопјани казнети поради шетање во полициски час

од Берта Китинска

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе осум предлози за издавање казнени налози против вкупно 13 лица, обвинети за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Полициски час

Обвинетите не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.

Јавното обвинителство на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на сите обвинети да им изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Слични содржини