Кина: Бројот на загинати во земјотресот се искачи на 146

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ја погоди северозападна Кина се искачи на 146, а три лица се водат како исчезнати, јавија кинеските државни медиуми.

Речиси  илјада луѓе беа повредени во земјотресот.

Стотици привремени контејнери за сместување се поставени во северозападна Кина за преживеаните од земјотресот кој уништи повеќе од 14.000 домови, пренесе АП.

Слични содржини