Кога ќе стигнат електричните автомобили до 10.000 евра кај нас?

од desk2

Годинашното издание на Саемот за автомобили во Франкфурт поминува во знакот на електричните и хибридните автомобили, а заедничко на сите им е што се значително поскапи од моделите со дизел и бензински мотори.

Токму затоа, сѐ почесто се поставува прашањето кога на европскиот пазар ќе се појави функционален нискобуџетен патнички автомобил на струја кој во основната верзија ќе чини до 10.000 евра?

Директорот на компанијата Renault, Тјери Болор, тврди дека тоа ќе се случи во наредните пет години и дека овој француски производител е во состојба да го направи тоа, благодарение на долгогодиното искуство во развојот на и производството на електрични возила, како што е моделот Zoe.

Меѓутоа, не е сосема јасно како Болор планира да ги доближи електричните возила до широките народни маси, со оглед на тоа дека Volkswagen, кој исто така има намера да почне масовно производство на автомобили на струја, својот прв целосно електричен модел (VW ID.3) го процени на 30.000 евра, односно три пати повеќе од проектираната цена на идниот нискобуџетен електричен модел на Renault.

Од друга страна, електричен Renault со пристапна цена веќе постои, ама во Кина, каде француската компанија го лансираше моделот Renault City K-ZE по цена од 7.900 евра.

Станува збор за електрична верзија на евтиниот модел Kwid што се продаваа на големите пазари во развој, како Индија.

Renault City K-ZE почна да се продава во Кина на почетокот на оваа недела, а најевтината верзија чини 61.800 јуани, односно околу 7.900 евра.

Се проценува дека, ако Renault сака да го понуди овој модел на купувачите во Европа, по енопходните ажурирања, на Стариот континет овој автомобил би чинел околу 10.000 евра во најевтината варијанта.

Renault наведува дека City K-ZE може да помина 270 километри со едно полнење на батериите, според стандардите на NDEC.

Слични содржини