Комисијата за политички систем ќе разгледува годишни извештаи на денешниот дневен ред

Во рамки на дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, ќе се најдат денес неколку годишни извештаи.

Членовите на комисијата ќе ги разгледаат Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2019 година и Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во 2019 година.

На дневниот ред се и годишните извештаи за работата на Инспекцискиот совет и на Агенцијата за администрација за 2019 година.

Слични содржини