Курц утре со Попоски ќе оди на „котата 59“ кај Гевгелија

од Vladimir Zorba

Шефот на австриската дипломатија и претседавач со ОБСЕ за 2017 година, Себастијан Курц утре ќе претстојува во работна посета на земјава во рамките на која ќе се сретне со својот македонски колега Никола Попоски.

Според агендата, објавена од Министерството за надворешни работи (МНР), Попоски и Курц утре во 13.30 часот ќе ја посетат котата (граничниот камен) 59 на македонско-грчката граница кај Гевгелија, која е една од точките на т.н. Балканска мигрантска рута.

Во 17.50 часот е планирана средбата меѓу двајцата министри за надворешни работи, а 20 минути подоцна, односно во 18.10 часот, според агендата, е закажана прес-конференција.

Австрија на 1 јануари, оваа година го презеде едногодишното претседателство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)./META

Слични содржини