Лоазo: Не можеме да и кажеме на С.Македонија „имавте проблем со Грција, сега имате и со Бугарија“

од Берта Китинска

Европратеничката од „Обнови ја Европа“ Натали Лоазo кој е од партијата на францускиот претседател Емануел Макрон во интервјуто за БНР  кажа дали постои француска иницијатива за решавање на билатералниот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„Се надевам дека овој спор ќе биде решен, бидејќи би сакал преговорите со Северна Македонија да започнат брзо. Таа вложи големи напори да се приближи до европските очекувања. Истото се надевам и за Албанија. Знаеме дека има долг пат, ќе бараме, бидејќи има нова методологија за проширување. Сепак, не можеме да ги напуштиме оние земји кои вложија напори и да им кажеме: „Видете, има друг проблем. Имавте со Грција, а сега и со Бугарија. Ова ќе создаде непријателство кон Европската унија во срцето на Европа, бидејќи географски, културно и историски Балканот е токму таму“, вели таа.

Лоазо смета дека мора да се најде решение за билатералниот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„Очигледно мора да има дијалог, но и решение. Никој не вели дека утре, во 2022 година, Северна Македонија ќе влезе во ЕУ. Ние велиме дека мора да почнат преговори, при што се ќе биде ставено на маса. И нема да одат напред доколку не се придвижат сите теми поврзани со човековите права и основните вредности“, кажа европратеничката.

Слични содржини