Моника Левински по 20 години од аферата: Сега знам дека не сум сама во борбата

од desk2

Моника Левински напиша есеј за Венити Фер на темата #MeToo и како целата кампања што ја почнаа жените и прозбореа за разни облици на сексуално насилство ја променила нејзината перспектива.

КОга во 1998 година, во јавност излезе нејзината афера со тогашниот претседател Бил Клинтон, беа тоа, без сомнеж, најмрачните денови од нејзиниот живот. Денес, 20 години подоцна Моника никогаш не била посилна и поуспешна. Во Калифорнија по аферата дизајнираше торбички и промовираше препарати за слабеење, а во 2005 година се отсели во Англија и заврши психологија. Денес е активистка и предава на факултет и повеќе на сака да биде жртва.

Моника Левински (44) призна дека пати од посттрауматски стрес синдром, а смета дека во текот на истрагата се случила злоупотреба на власта. Дури и главниот обвинител на истрагата ги преминал границите на добар вкус за време на нивната средба на божиќната вечера.

„Ме допираше по раката и лактот. Ми беше многу непријатно“, вели Левински.

Откако излезе приказната за холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн. против кого се подигнаа 60 тужби за злоставување, почнала да добива пораки за поддршка.

„Здивнав. Знаев дека повеќе не сум сама во оваа борба, вели Левински која цел живот го носи бремето на аферата со Клинтон (74). И додека нему, сопругата и јавноста му ја простија аферата, Левински мораше со години да ги сноси последиците. Таа авантура и ја одбележа кариерата, бидејќи после се, никој не сакаше да ја запроси. Во тој период била и тажна и надвор од себе.

Слични содржини