Од новозаболените, 12 лица од земјава патувале во странство во изминатите 14 дена

од Берта Китинска

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 13 до 19 јули 2020 година, кој што покажува намалување на бројот на новозаболени и оздравени лица, а зголемување на бројот на починати лица во однос на претходната недела.

Во дадениот период направени се вкупно 8161 тестирања (1834 помалку од периодот 6–12 јули што се должи и на еден дополнителен неработен ден) и регистрирани се 1038 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 35 случаи помалку од претходната недела.

Новозаболени се регистрирани во 26 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (39.9%) и во Штип (14,4%). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 38,6% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 12 лица (10 помалку од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена, стои во извештајот на ИЈЗ.

Слични содржини