Полицијата проверувала куќи и вили во приградски населби, не се забележани големи групи на луѓе

од Aleksandar Todeski

Не е затекната поголема група на луѓе во проверките на вили во Нерези, Сопиште, Соње и други наслеби, откако МВР по свои информации дека луѓе се собирале во приградските населби синоќа врешло проверки.

„За изнајмување викендици и куќи, се контролирале синоќа Горно Нерези, Сопшиште, Сончев Град, Горно и Долно Соње, Три Круши, Радишани. не се затекнати поголема група на граѓани, а контролите продолжуваат“, рече техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Тој посочи дека се поднесени три кривични пријави во Струмица за пренесување на заразна болест, додека пак 10 за непостапување по препоаките во време на епидемија. За непостапување по препораките, кривични заработиле и три лица од Делчево.

Три лица од Штип кои не ги почитувале наредбите за самоизолација, исто така заработиле кривични пријави, а во тек е поднесување и за лица од Куманово, Струмица и Охрид. За непочитување на забраната за работа на угостителски објекти, казина и обложувалници, во Тетово се поднесени две кривични

Слични содржини