Разбојништво во маркет, обебедувачи истепале скопјанец, фатени марихуанџии…

од desk3

policija2

На 27.10.2016 година околу 19.20 часот во Скопје на бул. „Борис Трајковски“ две непознати лица, од кои едното вооружено со пиштол, извршиле разбојништво во маркет. Сторителите влегле внатре, ја затвориле  вработената во една од помошните простории и го одзеле дневниот промет  по што го напуштиле местото на настанот. ПС ОН Кисела Вода презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

На 28.10.2016 година во 04.05 часот во ГОБ  “Св.Наум Охридски“ Скопје со повреди бил донесен Ј.З. (35) од Скопје. Околу 03.30 часот пред дискотеката во студентскиот дом “Стив Наумов“  истиот бил физички нападнат од страна на обезбедувањето на дискотеката.  Дежурен лекар констатирал тешки телесни повреди и истот ќе биде задржан за понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

На 26.10.2016 година околу 15.00 часот во Кичево, по претходно добиени оперативни сознанија, од страна на ПС од ОНТ Кичево, бил извршен личен преглед на А.Љ. (18) од Кичево, при што била пронајдена една најлонска кеса со непозната растителна материја. Со Потврда за привремено одзмени предмети истата му била одземена. А.Љ. бил приведен и задржан во ПС Кичево, а против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 27.10.2016 година во периодот од 07.00 до 09.00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, од страна на ПС Валандово, бил извршен претрес во дом и помошни простории сопственост на В.Ј. (51) од с.Јосифово, валандовско. Притоа биле пронајдени: едно стебло од непознато растение, една картонска кутија во која имало помали картонски кутии во кои имало непозната растителна зеленкаста материја и шест корени од непознато растение. В.Ј. бил приведен во ПС Валандово за понатамошна постапка.

Слични содржини