Руската амбасада во Скопје „евидентира“ неистомисленици етикетирани како „русофоби“

од Берта Китинска

Амбасадата на Русија во Македонија објави дека внимателно ги евидентира случаите на русофобија во голем број странски земји.

„Привлекуваме внимание на невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји во позадина на специјалната воена операција во Украина.Предупредуваме дека сите вакви инциденти се внимателно евидентирани“, објави Амбасадата на Твитер.

Оваа најава доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин вчера ѝ нареди на владата за два дена да состави список на земји кои ја санкционираа Русија, нејзините компании, организации и поединци.

Слични содржини