Секоја жена изгледа фантастично со кармин со вистинска нијанса

од Vladimir Zorba

Љубовта кон црвениот кармин трае веќе со векови, а денешните формули им овозможуваат на усните долготрајно носење на мат кармини без исушување. Оваа боја во момент дава инстант гламур.

Историјата кажува дека првиот кармин е направен во древна Месопотамија , жените го толчеле полудрагиот камен за да ги бојат усните со тој прав. Велат  дека и  Клеопатра го  сакала карминот, и тоа каков ? Црвен, се разбира, поимот на моќта и сила . И женственост-да , овој  адут на козметичката индустрија е еден од најдолговечните , неговото значење не се променило веќе илјадници години. Мат ефектите неодамна завладеаја со сцената, заедно со нив дојдоа и новите формули. Првите мат нијанси  значително ги исушуваа усните , им недостасуваше тој хидратизирачки екстра  слој кој ја чини сјајна бојта. После некое време стручњаците во лабораториите ги унапредиле тие матирачки формули, кои повеќе не се така суви. За да биде постојан вашиот омилен црвен кармин , секогаш можете пред карминот да нанесете некој лип балсам, мелем или нешто трето што ќе ги заштити, а бојата ќе биде долготрајна.Одлична препорака е и базата за усни , која ќе го зајакне пигментот и ќе го направи постојан.Се се тоа мали трикови , едноставни за примена и повеќе пати во текот на денот. А за да го спречиме расипувањето на омилениот кармин кога конечно ќе го најдеме, ќе го ставиме во фрижидер, тоа ќе му го продолжи „животот“. Секоја од нас изгледа феноменално со црвен кармин , поентата е да ја најдете вистинската нијанса, коментира мејкап артистката Лиза Елдриџ.Боби Браун тврди дека црвениот кармин генијално изгледа и кога лицето нема никаква друга шминка. Го чини средено.Во оние денови кога немаме волја да се средуваме , црвениот кармин со еден потег ќе ни ја даде убавината.

С.В.

Слични содржини