Шлепер удира во автомобил со брзина од само 43 км/ч

од desk2

 

Во медиумите се сретнуваме со вести за сообраќајки во кои судирот е меѓу камион и патничко возило.

Производителите прават сѐ за да бидат безбедни нивните патници во случај на несреќа, но ниту една технологија не може да спречи трагедија кога шлепер удира во патничко возило.

Она што може да помогне е целосно внимание кога управувате со возилото во уличен сообраќај или на отворен пат, како и потполно почитување на патната сигнализација.

Германската организација за безбедност на патиштата (Dekra) спроведе еден креш-тест во кој покажува што се случува со патничко возило Škodа Octaviа кога ќе се најде зад товарно возило и во него удира шлепер со брзина од само 43 км/ч.

43 Km/h !!!Not 143 just 43 …www.kokotour.ro

Публикувахте от Mihaly Kakasi в Понеделник, 22 юли 2019 г.

Од снимката се смрзнува крвта во вените и е морничав потсетник дека нема отстапки кога е во прашање безбедноста во сообраќајот.

Dekra пресмета дека на ваков шлепер, на отворен пат при брзина од 80 км/ч му се потребни 41 метар за да закочи целосно.

Слични содржини