Што бара Могерини од балканските лидери?

од desk3

Шефица на европската дипломатијата Федерика Могерини рече дека  ЕУ се загрижена поради порастот на националистичкиот говор на Балканот, особено кога тој доаѓа од високи политичари. Па така една главните причини за оваа покана е како балканските лидери да најдат начин и да научат дека не треба да разменуваат националистички пораки.

“ Добро е да се сретнеме и да споделиме мислења, сите заедно, за чекорите што треба да се направат во иднина”, рече таа.

Една од пораките е дека Балканот е клучен  европски регион и токму затоа  треба да се зајакне  перспективата за влез во ЕУ:

“Западниот Балкан е клучен регион за ЕУ пред се поради безбедноста, превенција на радикализацијата, област во која имаме добра соработка, поради менаџирањето на бегалците и границите. Јас често велам дека не треба да зборуваме за перспективата на овие земји за влез во Европа бидејќи тие се во Европа. Треба да зборуваме за перспективата за нивни влез во ЕУ и токму тоа е тема на денешната вечера ,рече Могерини

 

 

Слични содржини