Слободан Богоевски е во затвор. Официјално на доотслужување на затворска казна  за која има уште 1 година и 2 месеца. Постапката пред Врховен суд , неговата жалба сепак не е финиширна. Дали  поранешниот прв човек на тајната полиција – СДБ(државна безбедност),  не заврши порано во затвор затоа што најави дека имаа што да каже и излезе на интервју пред јавноста? Тој  требаше да излезе на второ интервју на Тв 24 , но итно беше спакуван во затвор. Неговото семејство испрати отоворено писмо до јавностa, докази  во кое посочуваат за притисоци од власта.  Што знае Богоевски? Во првиот дел објавивме  дел од неговите сознанија и аргументи .Во продложенија го објавуваме втриот дел од неговото последно интервју за Нова.

богоевски

„Пред да ја објасниме постапката, една генерална оценка. Реакцијата на Премиерот и на Владата, реакцијата на МВР, ЈО и Судот, до сега по објавувањето на податоците од страна на Заев дека располага со релевантна документација за сторено кривично дело неовластено тонско прислушкување, е незаконита. Мислам дека премиерот направи оргомна грешка една казнива грешка, наложувајќи му на Обвинителството и на судот да поведат кривична постапка против Верушевски, неговата фамилиа, против определен круг на вработени во МВР кои имале допирини точки со управата каде што тоа се врши, вклучително и постапка против опозицијага и г.Заев, тоа е   е недозволиво “ , вели Слободан Богоевски и додава:

„Никој не може кривично да одговара ако пријави кривично дело. Ако неовластеното тонско снимање го прават службите, службените лица, а вака масовно снимање, прислушкување,  е незабележано во светската историја, ако земете во предвид колку население живее во Македонијја и кави се   безбедносни проблеми  има,  ова е за иситориските анали како преседан. . Повредата  на Уставот   е направена, а со уставот се  загарантиран и слободите правата на граѓаните. Повредата е направена од првите луѓе кои и на некој начин се роднините, премиерот Груевски и Сашо Мијалков,  дури и во светски рамки го прави случајот посебен. Обидот да се пресретне објавувањето со заплашување дека секој кој ќе објави говори ќе биде прогласен за странски односно тоа го прави некоја странска служба,  исто така е невидена глупост.

……

 

Тоа не е кривично дело .Во јавноста постојат многу нејаснотии, според нашето кривично законодавство мораат да се води од материјалното и процесното законодавство, како што го дефинира, значи кривично дело да постои, тоа  е елимитирано со заштита на чоевковите права и слободи и е ограничено до повреда на јавниот и ошптествениот интерес.Каква повреда има на јавниот општествениот интерес? Ако некој останал без работа,  и ако некој или некој без разлика дали се работи за лидер на партија, сака да му помогне некаде да оствари егзистенција, да најде работа,  се прашува во интервјуто Богоевски !?

Слободан Верушевски можел да дава секакви насоку и стручни и теоретски и мене да ме повикате, и јас ке ви кажам, прво нема постапка нема дело зошто е казниво некој да го повикувате да чуе стручно мислење !?

Тоа е така за било  кои материјали. Затоа што тие материјали кога ќе излезат од опсегот на заштитата не само овие , прислушуваните  кои се незаконито правени дури и тука е згрешено- тие не го уживаат статусот на заштитена тајна. Тие веќе излегле , но дилемата е  ако МВР  си дозволила тоа да го прави., 20.000 прислушувања, постојат законски прописи, кој и во кој опсег,и како тие  информации да биде користени и само од кого.

Во конкретниов случај, слушнавме дека исклучителен корисник бил премиерот Груевски. Тој можел да добие информации за релевантни безбедносни прашања опфатени со прислушувани  материјали. Но никако не смеел да ги добие изворните снимки ниту пак транскрипти од тие прислушкувања, нути тоа му е работа. Значи ако сакаме да ја зачуваме службената тајна значи во конкретниов случај станува збоир за тешка злоупотреба н а службената положба. На премиерот на министерот на МВР на шефот на УБК Сашо Мијалков, тоа се најтешки облици на злоупотреба на службената положба

Само кракто да ве упатам за процедурата вели Богоевски, до 2004 година имаше проблем со примената на посебните мерки. Т.н посебни средства и методи, бидејќи членот 17 од Уставот на РМ беше нејасно дефиниран уште од 1991 кој велеше само врз основа на одлука на суд кога се во прашање безбедносни мерки  може да се дозволи остапување од начелото за примена на т.н посебни средства. Во 2004 со амандман на членот 17, образложен е  дека то а се прави да се донесе законско решение да се остапи ид ова Уставно начело за неповрделивост дека тоа ќе послужи во бо рбата против кору пцијата,  и дека за најтешките облици подведено под организиран криминал, секој подразбира што значи, тоа се најтешките облици на организиран криминал, како и најтешките облики на кринимал кои го загрозуваат уставниот поредок и безбедноста на земјата. З начи тероризам,  насилно рушење  на уставниот поредок,  финасирање на тероризам итн. За кои се предвидени и најсоодветни казни, вие не можете да го употребите тоа во ЈО ј а претходно судот да донесува решенија без црвсти докази и  да даваат сомнежи и  дека  се прави нешто од овие  дела, а  се  формално масовна злопуоптреба. Значи одг0впрноста не е само на министерот на МВР,  шефот на УБК, премиерот,  туку одговорноста паѓа и врз тие, кои ги потпишувале тие решенија без да погледнат дали навистина има доволно докази за тие  сомненија. Мислам дека е невозможно ние да  имаме 20.000 државни непријатели, за да се поткрепи со решение опрвданостса на вава постпака.

НА прашањето  дали  може со усна наредба да се пососчи ваква акција Богоевски вели:

Со  усна наредба може само шефот на УБК и министерот на МВР кој пак мора да му се обрати на шефот на УБК. Бидерјќи организационата единица кои ги работи ови работи е во рамките на УБК. Значи одговорноста е исклучиво врз шефот Сашо Мијалков и неовлстеното користење на премиерот, посочува Богоевски. Ме може на премиерот да му испраќате снимки. Не може на  премиеро да му давате целосни транскрипти може сумирани, но ако има показатели да оправданоста на мерката. Да  слушате разговори меѓу Претседател на влада и кој знае уште што не,  ако тоа е така тие длабоко навлегле во кринимал т.н политички криминал. Тие со назаката „Пуч“, како самите тоа да си го напишале за себе. Ова  навистина е  Пуч врз уставниот поредок од страна на премиерот и неговите најблиски роднини, јас стално велам ненам уставно уредување имаме фамилија, која го тероризира и вмро-дпмне, и сите нас како граѓани.

Треба ли Заев  и Верушевски да се плашат  за својот живот, беше следното прашање за Богоевски на што тој коментира:

Во македонија по се она што го видовме, во изминативе 9 години колку се на власт Груевски, нормално е дека луѓето се плашат и за својот живот за тоа што ако вие имате тавки масовни притварања на луѓе без никави основи,  еден сум и јас, ако ги уништувате семејства на тие луѓе, ако им ги присвојувате фирмите, ако го рекетирате ги притискате секој ден, ако слушате за неразјаснети случаи, нормално е луѓето да се плашат за својот живот. Затоа што амбиентот кој е наметнатод  фамилијат на власт , е току тоа што го сакаше Груевски да ги исплаши граѓаните и да живеат во страв.  Треба да сте рационален дека имате работа со тираниска власт која неби се либела и со  такви методи.Заев треба да се плаши, тој претсвува најсериозна закана како лидер на опозиција дека ќе го разгори тираниското владеење на Груевски.

Тврдам дека со Македонија буквално владее едно злосторничко здружение казниво по кривичниот законик олицетворено во ликот на Груевски неговата фамилија,  и дека несе либат  за било кое кривично казниво дело да го направат, вклучително и ликвидација на луѓе. Ако вие само гледате колку илјади годишно одат во затвор,  ние сме рекордери во Европа јас ви тврдам дека половина од нив немаат никава вина. Некој оди оти Груевски сметал дека ќе му пречи или му пречи, оди  за да му ја зема фирмата бизнисот, некој оди од едноставна причина за да му се одмазди јавно или  за нејавно кажан збор, еден ден тоа ќе излезе на виделина овие документи.

Материјалите  што г Заев ги сигурно ги има ќе ги покажат политичките нарачани судења, во кои ако судија не досуди онака како наредил премиерот,  сите наредби одат од него, исклучиво од премиерот !Тие  ноќни сенаси со претседатели на судови кои биле во кабинетот на Груевски дури тие некогаш треба да претпостават кого сакаат тие да ликвидираат, ако погрешат ќе ги снема.  Само погленете ја бројката,  минатата година имате упатено 3.000 лица на издржување на казна затвор. Знаете ли која бројка е тоа? Не говрам за другите тоа е нешто страшно. До колку толку има криминал во Македонија до колку толку е разрушен поредокот, тогаш се поставува прашањето што работи оваа влада. Не можеме да бидеме рекордери по најцрните теми.

Крај на вториот дел

Слични содржини