Столтенберг со предупредување до НАТО: Врските меѓу сојузниците се под притисок

од Vladimir Zorba

   Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги повика денеска 29 држави членки на Алијансата да го остават настрана трговскиот судир што се влошува како и прашањето за климата и нуклеарниот догвоор со Иран.

Тој е загрижен дека тие тензии може да му наштетат на воениот сојуз.

Столтенберг тоа го нагласува во авторски текст во Гардијан.

– Врските кои нас не држат заедно се под притисок….Мораме да продолжиме да работиме на нашите разлики – и таму каде разликите остануваат мора да ограничиме какво било негативно влинаие на нашата безбедносна соработка, нагласи Столтенберг.

Неговата порака е упатена на помалку од еден месец пред состанокот на претседателот на САД со колегите од НАТО на самит во Брисел.

Слични содржини