Свештеник од Мичиген инспирираше низа смешни фотографии, откако корисниците на социјалните мрежи го забележале неговиот оригинален начин на давање благослов во време на пандемија од коронавирус.

Отец Тим Пелц (70) ги почитуваше мерките за социјално дистанцирање, па така ги испрска верниците со света вода од пластичен пиштол.

На фотографиите, објавени на страницата на парохијата на Фејсбук, се гледа дека свештеникот носи маска за лице, визир, ракавици и библија додека ја извршува службата со верниците кои минуваат во автомобил покрај него.

Свештеникот има и пластичен пиштол во рацете, поради што стана хит на социјалните мрежи.

– Да, свештеникот Тим ​​користи пластичен пиштол полн со света вода – објави парохијата на Фејсбук.

Следеше лавина на смешни фотографии на социјалните мрежи, посветени на оригиналниот начин на благослов.

Слични содржини