Тепачка во скопска обложувалница

од Stefanija Kuzmanovska

На 18.01.2023 во 00:05 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го привеле Х.Ј.(26) од Скопје, постапувајќи по пријава.

Според пријавата малку пред тоа, во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, тој физички го нападнал Б.А.(30) од Скопје.

Според пријавеното, малку подоцна помеѓу двете лица настанала и физичка пресметка, во која Х.Ј. употребил остар предмет.

За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини