Трамп пристигна во Мајами: Денеска пред федералниот суд, обвинението има 37 точки

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Мајами, каде што треба да се појави пред федералниот суд денеска во 15 часот по локално време, на почетокот на неговото судење по кривичната пријава за незаконско чување доверливи документи, јавува „Ројтерс“.

Трамп изјави дека е невин и дека ќе ја продолжи својата кампања за претседателските избори во 2024 година.

„Се надевам дека целата земја гледа што ѝ прави радикалната левица на Америка“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, пред да полета за Флорида со приватен авион на кој е испишано неговото презиме.

Поранешниот американски претседател, кој во средата наполни 77 години, го напушти голф-клубот во Бедминстер, Њу Џерси со возило под придружба до аеродромот, каде го чекаше авионот со кој отиде за Мајами.

Обвинението отпечатено во петокот го товари Трамп за 37 кривични дела поврзани со чување на доверливи документи во неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида.

Обвинението го товари Трамп за загрозување на националната безбедност, а обвиненијата за Законот за шпионажа носат значителни затворски казни, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини