Три деца загинаа во пожар во руската област Нижегород

од Vladimir Zorba

Три деца на возраст од осум, 10 и 16 години загинаа во пожар во село во руската област Нижегород, а нивните родители се во болница со изгореници, соопшти регионалниот оддел на Истражниот комитет на Русија.

Рано утрово е добиена пријава за пожар во приватна станбена зграда во селото Нечаево, пренесe РИА Новости.

Според првичните информации, причина за пожарот е дефект на електричните инсталации или на печката.

Слични содржини