(ВИДЕО) Мицкоски одби да се обрати на протестот, граѓаните се налутија

од desk2

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одби да се обрати на импровизираната бина пред Сборанието пред насобраните луѓе кои протестираат против уставните измени.

Неколкупати го повикуваа да се обрати и да го каже ставот за уставните измени пред нив, но тој не се одзва на нивните повици.

– Последен пат ве повикуваме да им кажете на овие луѓе тука дали ќе гласате или не – рече еден од демонстрантите на микрофон.

Откако сфатија дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да одржи говор, насобраните почнаа да негодуваат и да дофрлаат кон него.

Мицкоски во изјава за медиумите рече дека го задржува своето право на мирни протести против промената на уставното име на Република Македонија. Тој повика на достоинствени протести и апелираше до граѓаните да не подлегнуваат на провокации.

Тој повтори дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во собраниската расправа за прифаќање на уставните измени, бидејќи договорот од Преспа е штетен, а двотретинската поддршка е обезбедена благодарејќи на Основното и на Специјалното обвинителство, кои со своите случаи ги принудија пратениците од опозицијата да гласаат „за“./Nezavisen

 

Видеото е преземено од Телевизија 21:

Слични содржини