Пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов, на денешната прва можност за поставување пратенички прашања, му постави прашање на, како што го нарече, премиерот во заминување, Никола Груевски, за скандалот со плацевите на Водно, кој го отвори СДСМ во „бомбите“.

Тој го праша Груевски дали ги продал плацевите на Водно свесен дека ќе ги изгуби изборите во април.

Груевски рече дека немал плацеви на Водно, но не одговори откако Шилегов побара да му се јави на кумот од првиот брак, Ристо Новачевски, кој беше управител на фирмата која официјално ги поседуваше плацевите, и да го праша кои се газдите во Белизе.

“Беше предвидливо какво прашање ќе постави пратеникот Шилегов. Не кажа ништо ново од она што го слушнавме. Покажа јавни документи кои секој може да ги види. Немам никаква поврзаност со плацевите, ниту сум бил сопственик, ниту сега сум “– одговори Груевски.

Слични содржини