Вучиќ го најави пристигнувањето на Путин во Белград

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за планираните средби меѓу него и претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Веќе започнавме да работиме на подготовките за приемот на претседателот на Русија, Владимир Путин. Како што знаете, страницата на Евангелието на Мирослав ќе биде вратена во Србија, а ние ќе ја поставиме во Националниот музеј. Пред доаѓањето на Путин во Србија, ќе гзаминам во Москва на Парадата на Победата, каде што српската гарда со гордост ќе учествува на Црвениот плоштад, рече Вучиќ денес.

Евангелието на Мирослав, најстариот зачуван кириличен ракопис на старословенскиот јазик и е вреден пример за ракописен материјал, моментно е во Националниот музеј во Белград, а искинатиот пергамент е во библиотеката во Санкт Петербург.

Слични содржини