Премиерот на Република Македонија , Зоран Заев ги отфрли тврдењата дека во пресрет на решавачкиот гласање во македонскиот парламент за новото име на државата се “купуваат” опозициски пратеници, пренесоа медиумите во регионот

Менувањето на името “Република Северна Македонија” во Уставот што го бараат Грција и ЕУ бара две третини од пратениците во Уставот.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека не може да потврди дали е постигнато двотретинско мнозинство за донесување на уставните измени кои се обврска од Договорот од Преспа, но изрази оптимизам дека низ инклузивна дебата, како што рече, ќе победи прогресивниот елемент.

– Тоа не може никој да го каже. Тоа може да се каже на моментот на одлучување, секако низ дебатата во Парламентот. Јас верувам и ќе видиме сите дали тоа мнозинство постои или не. Нема да дозволиме ништо да се упропасти. Ние разговаравме со многу пратеници, лично јас разговарав, а и пратеници со пратеници и видовме дека постои една убава прогресивна маса на пратеници која што е доволно сериозен мотив и причина да ги отвориме постапките како што тоа вчера Владата го направи, рече Заев. Очекувањата на премиерот се преку дебатата за уставните измени, како шќто рече, „да се создава атмосфера благопријатна за сите за да може да се формира тоа двотретинско мнозинство кое што би требало да се формира по природен пат“.

Тој додаде дека во тој контекст мора да ги отстрани, како што посочи, сите шпекулации што надвиснале над главите на многу пратеници за некакви пари, незгодни состојби…

– Апелирам до сите политички чинители, до сите учесници во процесот да се носат со нивото на историската одговорност која е исправена пред нас.

Повтори дека сите надежи ги полага во Парламентот, но како последна опција остануваат брзи предвремени избори.

– Јас сум оптимист и сум релаксиран. Македонија го живее времето убаво историско каде што граѓаните имаат можност и право да одлучуваат. Одлучија. Вчера Владата одлучи, а сега Парламентот ќе одлучува. Назад враќање нема затоа што нема друга алтернатива и опција од интеграцијата во ЕУ и НАТО, порача Заев кој учествуваше на дебатата насловена: „Мостови или ѕидови? Макаденија и Западниот Балкан во Европа“, организирана во рамки на Форумот за граѓанско општество Скопје 2018.

Двотретинско мнозинство сега или на избори

Дискусиите во парламентот за уставните измени предложени од владата се закажани за понеделник, 15-ти октомври.