Земјотресот во Турција и Сирија предизвика штета од 40 милијарди долари

од Vladimir Zorba

Земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари 2023 година предизвика штети од 40 милијарди долари, со што износот во првата половина од годината е значително над 10-годишниот просек, според пресметките на германскиот реосигурител „Munich Re“.

Во земјотресот загинаа околу 58.000 луѓе, а материјалните штети беа најголемата ставка во вкупниот износ на осигурени и неосигурени загуби во првите шест месеци, кој достигна 110 милијарди долари, открива Munich Re во извештајот објавен во четвртокот.

Вкупниот износ на штетата е за 10 милијарди долари помал во однос на првата половина од минатата година, но е далеку над 10-годишниот просек од 98 милијарди долари.

Слични содржини