Жена упадна во вестите на руска државна телевизија: „Не за војна, ве лажат“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

На руската државна телевизија за време на информативната емисија „Времја“ зад водителката се појавила жена со транспарент, пренесува „Нова газета“ и додава дека содржината на пораката не смее да се пренесува поради забраната на Роскомнадзор и законот.

Според Би-Би-Си, на транспарентот пишувало „Не за војната, запрете ги војниците“.

Во видеата кои се шират на социјалните мрежи, вклучително и апликацијата Телеграм, жената влегува во кадарот зад водителката на „Канал 1“.

„Не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“, пишувало на транспарентот.

Наводно се работи за Марија Овсијаникова, вработена во таа телевизија. Според медиумите, таа е уапсена и однесена на информативен разговор во полициска станица.

Слични содржини