Денеска е важен ден за претседателот Макрон!

од Vladimir Zorba

Франција избира парламент. Токму во 8 часот по локално време сите избирачки места во земјата ги отворија своите врати.

 

  Французите треба да да изберат 577 пратеници во долниот дом  на парламентот од скоро 8 000 кандидати. Претендентите, кои ќе соберат најмногу гласови во првиот круг, веднаш и си ја обезбедуваат победата. Во овие избирачки окрузи, каде нема  да има  победник, по една недела ќе се одржи втор круг.

Француски парламентарни избори: Што треба да знаете

Гласањето ќе заврши во поголемиот дел од земјата во 18:00 часот., Избирачките места во најголемите градови ќе останат отворени до 20:00 часот.

За безбедноста за време на изборниот процес ќе се грижат 50 000 полицајци.

Според прогнозите, движењето на новоизбраниот претседател Емануел Макрон “Република напред” ги има сите шанси да победи со парламентарно мнозинство. Голем број анкети на социолошки агенции сугерираа околу 30% евентуална поддршка за движењето на претседателот. Ова може да се изрази во приближно 400 места од 577 -те во парламентот.

Слични содржини