Ердоган: Турција, Русија и Иран редовно ќе се консултираат за состојбата во Сирија

од desk4

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека Турција, Русија и Иран ќе продолжат редовно да се консултираат за состојбата во Сирија.

– Ние постигнавме принципиелен договор за тоа, со цел да се стави крај на хуманитарната криза во Сирија. Ќе разговараме на 15 или 30 дена. Се надевам дека наскоро последиците од нашите решенија ќе ги осетат граѓаните на Сирија, рече Ердоган.

Претоходно месецов, претседателите на Русија, Иран и Турција се сретнаа во Сочи, каде што прогласија успех во заедничката борба против тероризмот и почеток на нова етапа во разрешувањето на кризата.

Слични содржини