Граѓански марш 11 октомври. Борбата продолжува, гласот победува!

од Vladimir Zorba

flaer

 

Борбата продолжува – гласот победува!

Ние, Зоран Заев, Вера Бунтеска, Томче Кежаровски, Златко Ориѓански, Ирена Ристиќ, Бени Шакири, Влатко Васиљ, Атанас Костовски, ве повикуваме преку Граѓански марш, на 11 октомври, сите заедно да се огласиме со силна слободарска порака.

Ние граѓаните склучивме сојуз. Си го враќаме животот! Ја враќаме слободата!

Маршираме против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за правда.

Маршираме за граѓанскиот глас.

Нашето оружје денес е гласот! ДА за живот во Македонија, НЕ за режимот.

Ве повикуваме сите, поединци, здруженија, заедници, демократски политички партии, сини, шарени, црвени, од град, од село – да застанеме рамо до рамо, еднакво важни.

Дојдете, бидеме заедно на 11 октомври 2016, денот на маршот што ќе се памети.

11 октомври, вторник, во 14 часот, на раскрсницата од булеварот Партизански одреди и улицата Рузвелтова.

 

кликни    тука

 

 

Слични содржини