Има ли вонземски живот: Одговорот ќе го дознаеме утре

од desk2

NASA често служи за симбол на чуда и научен ентузијазам. Од слетувањето на Месечината до истражување на Сончевиот систем – ова агенцијата секогаш се стреми да направи неизвесното познато. До денес една од најпознатите упорни и неодговорени прашања е она за присуството на вонземски живот. NASA избегнува дискусии без фактичка база, но веќе е активира неколку истражувачки проекти кои ќе влезат во доказна база. Од изградбата на колонија на Марс до “спуштање” на сонда длабоко во океаните на Европа – NASA работи во потрага по одговори.

Во 1,00 часот источно американско време (20.00 часот кај нас) на 22 февруари агенцијата ќе претстави нови откритија поврзани со екстрасоларните планети – тоа се планетите кои кружат во орбитата на други ѕвезди, различни од нашето Сонце.

Во брифингот ќе учествуваат Томас Цурбухен, администратор на Директоратот за научни мисии во седиштето на NASA, Мајкл Гијон, астроном од Универзитетот Лиеж, Белгија, Шон Кери, менаџер на научниот центар Шпицер од Caltech / IPAC, Никол Луис, астроном од Научниот институт Спејс телескоп и Сара Сијгар, професор по планетарни науки и физика на МИТ (MIT).

За време на конференцијата NASA ќе одговара на прашања од публиката и на медиумите во Twitter преку хаштага #askNASA. Во 15,00 часа источно американско време, веднаш по брифингот NASA ќе биде домаќин на сесија Reddit AMA (Ask Me Anything – прашај што сакаш) заедно со научници кои ќе одговараат на англиски и шпански.

КАДЕ сме во моментов?
Првата екстрасоларна планетиа беше откриенаа во октомври 1995 година и оттогаш досега се откриени уште 4696 кандити, од кои се потврдени 3449. Од нив 348 се “земни”. Благодарение на напредните технологии научниците продолжуваат да откриваат тајните на универзумот и екстрасоларните планети не се исклучок.
Подолу можете да go видите комерцијално спонзориранiot Трејлер за екстрасоларните планети, создаден од NASA:

Слични содржини