„Киа“ го зголемува радиусот на движење на моделот на струја „Соул“

од Vladimir Zorba

Јужнокорејската компанија „Киа Моторс“ претстави различни подобрувања за зголемување на автон омијата во возењето на електричната верзија на моделот „Соул“.

Новата, поефикасна батерија, заради поголемата енергетска густина и капацитет на складирање на енергијата, го зголеми радиусот на движење на возилата за 18 отсто, од досегашните 212 на 250 километри (според комбинираниот нов европски возен циклуц, NEDS).

Електричноот возило „Соул“ е едно од новите и усовршени „еколошки“ модели што „Киа“ ќе ги претстави во 2017 година. Во втората половина на годината пристигнуваат хибридните верзии на моделите „Ниро“ и „Оптима Спортвагон“.

„Киа“ си зададе задача до 2020 година да ја намала потрошувачката на гориво на своите модели од гамата за 25 отсто во однос на 2014 година кога почна со производство на еколошки прифатливите возила.

ЕВ „Соул“ со зголемениот радиус на движење во Европа ќе пристигне на почетокот на летото.

Унапредениот модел ќе биде опремен со модифицирани литиум-јонски батерии со зголемена енергетска густина и поголем капацитет на складирање на енергијата.

Бројот на батериски ќелии од 192 е зголемен на 200, а мешавината на електролити е оптимизирана. Поради тоа напонот на батериската склопка од 360 волти е зголемен на 375 волти, а капацитетот на складирање од 27 квч на 30 квч.

Новина е и тоа дека електронската контролна единица (EPCU) на батериската склопка добива DC/DC конвертер со помал напон со што претварањето на енергијата од батериски ќелии е поефикасна. Треба да се нагласи дека инженерите во „Киа“ успеаја постигнат подобрување на батериската склопка, сместена под задните седишта, без да се зафаќа бо кабината на ЕВ„Соул“.

Слични содржини