Ако сте жена и ви е доста од домаќинските работи, додека мажот до вас си лежи на каучот – не ронете солзи. Ќе дојде време кога местата ќе се сменат. Лошото е дека прогнозите се далечни – дури по 50 години.c0c29c00cb808a5ee2f64bcd0457d266

Британски експерти тврдат дека веќе се појавил тренд за менување на улогите на мажите и жените во куќната работа и ќе дојде ден кога посилниот пол ќе доминира на ова поле, објави  “Дејли мејл”.

Дамите сепак ќе мора да почекаат 50 години, додека тоа се случи.

Засега можат да се радуваат кога сопружниците им пеглаат алишта и ја полнат машината за садови. Тоа се задачите кои тие ги вршат најмногу и со задоволство и веќе ги прифатиле како “машки”, заедно со исфрлање на ѓубрето.Тие имаат тенденција и да купуваат нерешено со жените.

За девет години мажите ќе ги прифатат за своја задача и алиштата. Бањата ќе започнат да ја чистат по 16 години. Потоа ќе се зафатат со готвењето, но ќе го прават почесто од партнерите дури по 36 години. Да бришат прашина, сепак ќе избегнуваат уште цели 52 години.

Што се однесува до традиционалните машки обврски – кај миењето на автомобилите, исфрлањето на ѓубрето и хортикултурата, нема никаков знак улогите дека ќе бидат сменети наскоро. 31 процент од жените сепак се рамо до рамо со поправките, а 20 проценти со монтажа на мебел.

Само 7 проценти од татковците рекле дека би останале во домот да чуваат бебе.

Сега жените перат и ја чистат бањата двапати почесто од мажите. Што се однесува до чистењето со правосмукалка, распоредот и менувањето на постелнина, понежниот пол уште се презема 79 проценти од овие обврски.