Монасите тука не зборуваат и го чекаат судниот ден

од Vladimir Zorba

 

Вечерње Новости – Белград

Во Светогорската област поради тешкиот терен нема многу верници.

Силни градежни машини на Атос пробиваат нови патишта за се повеќе верници кои доаѓаат на Света Гора и сакаат комотен туристички превоз и сместување. Тие не прават, туку купуваат поклонички стапови по цена од 10 до 15 евра, а наместо ранци носат „самсонајт” куфери.

Стариот начин на манастирскиот живот се повеќе се менува и во монашката република, освен во Светогорската пустина, карстна област на западниот брег на полуостровот.

Тука нема широки патишта и асфалт, единствен луксуз на монасите во куќичките е водата за пиење, неодамна спроведена од планинските извори и тие повеќе не зависат од цистерни и стоена дождовница.

Во Светогорската пустина не доаѓаат многу монаси бидејќи монашењето во овој крај е напорно. Преку карстот и густа шума на овој дел од Атос водат само стрмни криви патчиња на кои можат да се движат само пешаци и посебно обучени мазги.

Многу патчиња почнуваат од дното на водопадите, посипани со камења кои пешачењето го прават по напорно, многу камења има низ клисурите низ кои се протегаат патеките. Поради тоа малите монашки населби наречени скитови се изолирани од копното.

Во време на силни ветрови не може да се дојде од морето. Тоа го искуси репортерот на „Новости”, пловејќи кон бреговите на Светогорската пустина, кога ветерот и брановите почнаа да го лулаат современиот брод со силни мотори исто како играчка.

Како и во времето на едрениците, малубројните монаси тогаш почнаа силно да се молат на Бога.

Искусниот капетан објави дека патувањето се скратува, а малубројните патници за Кавсокаливија, последно пристаниште на западниот брег на Атос, се симнаа во пристаништето Каруља, позната испосничка населба.

Повеќето стари монашки населби се многу скромни, иако стигнува ново време и во тој суров крај кој е познат по монашкиот живот. Има се повеќе ќелии кои се модерно ѕидани, со соларни панели.

Слични промени се случуваат и во Керасија, Кавсокаливија и другите познати монашки скитови скриени во камените заливи длабоки неколку стотици метри меѓу острите планински карпи.

Историчарите велат дека токму Светогорската пустина е област каде настанала Света Гора, кога во неа пред повеќе од 1000 години дошле првите монаси самотници кои сакале да ги прекинат сите врски со надворешниот свет за да го бараат Бога во себе.

Според него, целата сурова област на Светогорската пустина се нарекува Кавсокаливија, а патот за неа не можел да се најде во шумата ако нема лента со силни бои која како патоказ ја поставиле монасите.

Од таа едвај видлива шумска патека неочекувано се влегува во карстната гола област, на гигантски скали од убаво измазнети камени парчиња. Не се знае кој, кога и поради што ги исклесал и ги наредил во парчиња кои можат да се подигнат само со голем кран, а до скалите ниту една градежна машина не може да пријде.

Станува збор за дел од планината кој се скршил веројатно во тек на некој голем земјотрес, а оваа река од камења ноќе поради разликата во температурата се придвижува создавајќи страшни звуци. Таа се спушта стотици метри во длабочината, се до Скитата Света Тројца со помалку од 20 монаси.

Кој ги ѕидал овие неверојатни скали, нема сведоштва бидејќи во Светогорската пустина нема наследници. Монасите тука доаѓаат и не зборуваат. Воедно ја чекаат смртта верувајќи дека таа е вовед во вечниот живот.

Не е јасно, во денешниот пејзаж на Кавокаливија, зошто служат скалите со место за газење два на еден метар, кои исчезнуваат исто како што нагло се појавуваат. Можно е да станува збор за приод до некој пагански храм какви што постоеле тука, според легендите, но таа тајна е скриена во огромната маса на здробените камења кои во горниот дел се широки барем еден километар.

Слични содржини