Надлежните органи да го расчистат случајот што поскоро

од Vladimir Zorba

Пресс на Максим Димитриевски:

Вчера на семејна веселба на којашто присуствуваа поголем број на жени бев нападнат од страна на група видно алкохолизирани лица, јас, и гостите на семејната веселба, првично вербално, а потоа и физички.

 

Во овој момент би сакал да апелирам до најодговорните во државата, оние коишто се вистинските професионалци, да спроведат уредна и легитимна истрага и час поскоро да го расчистат случајот бидејќи она што вчера нам ни се случи веројатно се случува на многу места, но луѓето молчат.

Имам некоклку прашања до најодговорните. Добив неколку неофицијални информации дека дел од напаѓачите се припадници од Министерството за внатрешни работи.

Поставувам прашање до одговорните дали лицата кои што вчера извршија физички напад на нас согласно постапката веднаш им е направен алкотест на истите и дали се спроведени во полиција да им биде земен уредно исказ

На самиот настан имаме поголем број на присутни гости на видно место обележано за организирање на приватна семејна забава, се случи класичен упад од страна на насилниците.

Апелирам до органите да го расчистат случајот што поскоро, прашува на денешната прес конференција пратеникот Максим Димитриевски.

Слични содржини