Ова го изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, цитиран од Танјуг.

Според него, ова не е пречка за зајакнување на соработката.

” Нема разговори за пристапувањето на Србија во НАТО и причината е дека Србија јасно изјави дека не сака членство во НАТО. И НАТО целосно ја почитува одлуката на Србија “, одговори Столтенберг на прашање на српски новинар.

Запрашан да коментира за Рускиот хуманитарен центар во Србија, тој повторно потврди дека Србија е суверена држава.

” Знам дека Србија   спроведува воени вежби со Русија, но таа исто така одржува воени вежби и со НАТО војници. Ние ги почитуваме одлуките на Србија, бидејќи Србија е суверена земја и ние ќе поздравуваме силното и тесно партнерство со Србија “, истакна тој.

Според него, балканската земја одлучила да  се одржи неутрална.

” Важно е да се разбере дека за НАТО е сосема можно да има добра, пријателско работно партнерство со држави кои немаат желба да станат член на НАТО. Имаме одлична соработка со земји како Шведска, Финска, Австрија и други неутрални држави “, истакна Столтенберг.