Центарот располага со документи на македонското разунавање и  контраразузнавање на УБК.

Во последните 9 години Македонија е предмет на “активна субверзивни пропаганда и шпионажа спроведени преку амбасадата на Руската Федерација во Скопје”, констатира извештај на УБК.

Русија користи методите на “мека сила”, за да ја изолира Македонија од Западот.

Се наведува дека Кремљ пропагира идеите на панславизам и обединување на православните држави.

“Покрај тоа, руската надворешна политика е тесно поврзана со енергетската стратегија, чија цел  е наметнување контрола над стратешките енергетски ресурси преку односи со балканските земји”, се вели во документите.

Според македонското разузнавање, Москва се стреми да ја направи Македонија целосно зависна од руската политика.

Се прецизира дека на територијата на Македонија дејствуваат тројца агенти на руското надворешно разузнавање и четворица агенти на Главното разузнавачка агенција ГРУ. Дел од шемата се претставници на руската новинска агенција ТАСС и потчинета на руското МНР агенција Россотрудничество.

Почесните конзулати на Русија во градовите Битола и Охрид се користат како шпионски бази, покажуваат откритијата.

Руската агентура се занимавала со врбување на поранешни и актуелни  безбедњаци пензионери на  АРМ и полицијата, за да создадат “критична маса на луѓе”, кои ќе бидат искористени во одреден политички момент во услуга на руските интереси.

Во извештаите не се наведува колку била успешна оваа активност.

Во документите на македонското контраразузнавање се содржат податоци за тоа дека српските тајни служби ги поддржувале во Македонија антизападни групи и проруски средини, претставувајќи се како националастически.

Во тој пакет биле вклучени и влијателни новинари и  медиуми, лидер на партија на Србите, и екс функционери за внатрешни работи.

.