telma-logo_0

Нема официјални посочувања на имиња но според решенијата кои ги имале досега, тоа се пред се работни места на уредници од постарите новинари од стариот состав на Телма , дел од информативна, дел од културно-забавната редакција и персонал од администрацијата.

Во писменото известување на одлуката која била закачена од вчера на огласната табла  било наведено дека тоа е заради намалување на трошоци, и дефинирани загуби.

Синдикатот на вработените на Телма  од вчера  за денеска побара  средба со раководството за да може да добие подетални информации за одлуката, по што ќе излезе и со став во јавноста. Се прават и обиди  новинарите да не бидат отпуштени , и да бидат распоредени на други пониски позиции, за да се избегнат отпуштањата.

Од Независниот синдикат на новинари и медиумски работници велат дека не биле консултирани за одлуката,  најавуваат дека во текот на денот очекуваат средба со раководството на телевизијата, а адвокатите на ССНМ веќе ја анализраат одлуката на раководството на ТЕЛМА.

Слични содржини