Почина Пит Брнс, пејач на бендот „Dead or Alive“

од Vladimir Zorba

 

Пејачот на бендот „Dead or Alive“ Пит Брнс почина во 57 година од животот од срцев удар, соопшти неговиот менаџер, пренесува Би-Би-Си.161024110130-pete-burns-large-169

Во соопштението на Твитер се наведува дека со голема тага ја објавуваат веста дека пејачот ненадејно починал. Брнс имаше голем хит во 1985 и 2006 година, кога и се појави во британскиот „Голем брат“ за славни личности.

Пит Брнс го основаше бендот „Dead or Alive“ во 1980 година, а една од нивните најпознати песни е „You Spin Me Round“, која ја одбележа музиката на 80-тите години од минатиот век.

Медиумите предходно го пренесоа неговото признание дека направил повеќе од 300 пластични операции, а многу од нив само за да ја поправи веќе направената штета на лицето. За себе еднаш рече: Јас сум Франенштајн.

Слични содржини