Помина и Петок13 и т’нка работава и денеска Грујо да направи влада- па тој се скара и со Али !?

од Vladimir Zorba

Партијата на мандатарот за составување нова влада Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, соопшти дека се неприфатливи условите за формирање  владеачка коалиција, кои ги постави ДУИ и Али Ахмети.

ДУИ завчера ги утврди клучните елементи од кои нема да се откаже и ќе ги продолжи преговорите со  која било партија и  кој било мандатар што ќе  ги прифати нивните услови. Тоа е прифаќање на албанскиот јазик како втор официјален, продолжување на мандатот на СЈО и забрзување на процесот на евроинтеграциите.

Меѓутоа, ВМРО ДПМНЕ вчера наведе дека нема да преговара, ниту ќе дозволи промена на Уставот со која албанскиот би станал втор официјален јазик во Македонија, а мандатот на СЈО би бил продолжен.

Ако  е последно во набројувањето СЈО, сепак, тоа е прво, па се вели:

„СЈО нема никаква врска со правдата, тоа е политички инструмент во рацете на еден центар на моќ и нивните домашни инструменти за уцена на секој политичар кој ќе се бори за националните интереси на македонскиот народ и државните интереси на Македонија, и нејзините граѓани. СЈО е копче кое ќе биде стиснато секогаш кога кој било ќе се осмели да не игра така како што некој од надвор му сервира и диктира“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски има рок до 29 јануари да обезбеди мнозинство во парламентот и да формира кабинет. Неговата партија на неодамнешните избори освои 51 мандат, а со 10 пратеници на долгогодишниот коалиционен партнер ДУИ би имала тесно мнозинство од 61 пратеник во Собранието со 120 места.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети пред три дена рече дека очекува повик од Груевски за преговори за новата коалициона влада, а двата други можни коалициони партнери Движењето Беса и Алијансата за Албанците рекоа дека не сакаат да преговаат за влада со лица осомничени за криминал.

До колку Груевски не успее да формира влада до 29 јануари, мандатот би требало да го добие лидерот на втората по големина партија СДСМ, која освои 49 мандати.

Но, со последното соопштение на ВМРО ДПМНЕ, дека одбива поддршка за СЈО, а на тоа инсистира токму Али Ахмети изгледа се гледа крајот.

Во меѓувреме секојдневно се билда кампања за народните маси  и враќање на  програмата на партијата како да утре ќе има избори. Тоа  упатува на една друга насока која треба да се отвори постепено. Нешто како подготовка на теренот (чит . масите) исто како сега присутноста на двојазичноста како тема. Што тоа треба да произведе ова кампања , може само да нагаѓаме, но не и да го игнорираме.

Ад.

Слични содржини