Принцот Хари нема да потпише предбрачен договор со Меган Маркл

од desk2

Внукот на британската кралица, Принцот Хари се откажал да потпишува предбрачен договор со американската актерка Меган Маркл пред нивната свадба, објави „Дејли мејл“.

Според таблоидот, Хари никогаш не размислувал за некаков предбрачен договор, бидејќи бил целосно убеден дека неговиот брак со Маркл ќе биде траен и стабилен.

Наводно, кралскиот двор направил притисок врз принцот, за тој да ги заштити интересите при евентуален развод. Состојбата на внукот на кралицата Елизабета Втора е проценета на околу 30 милиони фунти.

Но принцот Хари верувал во идната сопруга и не сака да и поставува никакви услови пред нивната свадба, закажана за месец мај.

Слични содржини