Тепачка! Нападнат физички пратеникот од СДСМ, Максим Димитриевски

од Vladimir Zorba

Физички напад врз пратеникот на СДСМ  од Куманово Максим Димитриевски. Десетина напаѓачи, во алкохолизирана состојба најпрво вербално го провоцирале Димитриевски, а потоа се обиделе и физички да се пресметаат со него.„Ова не е прв напад врз мене за да ме заплашат и замолчат, но нема ништо да ме исплаши и обесхрабри“, вели Димитриевски. Случајот е пријавен во МВР.

 

Како што посочиваат повеќе  медиуми п ратеникот од редовите на СДСМ, Масим Димитриевски синоќа  бил во кафеаната „Палас“ во Куманово  кога бил физички нападнат од десетина лица, а меѓу нив имало и неколкумин полицајци во цивилки.

Напаѓачите во алкохолизирана состојба, прво вербално го провоцирале Димитривески , а потоа се обиделе и физички да се пресметаат со него.

Кога дошло до туркања влегло и обезбедувањето на локалот по што  во метежот  и општата тепачка на подот паднале и пиштолите од полицајците во цивилки.

Како што тврди тој, се обидувал да не подлегне на провокациите, но реагирал бидејќи со него била и сопругата.

На местото на настанот била повикана полиција, бидејќи напаѓачите го чекале пратеникот и пред кафеаната.

Димитриевски го пријавил случајот во МВР, и вели иако е обид да биде заплашен, тоа нема да му успее на никого.

Осум лица, од кои, наводно, и неколку вооружени полицајци во цивилна облека, доцна ноќеска физички го нападнале пратеникот на СДСМ, Максим Димитриевски од Куманово, кој добил лесни повреди на раката, објави „Плусинфо“.

Настанот се случил во кафеаната „Палас“ во Куманово, каде што Димитриевски бил на семејна веселба.

Слични содржини