Трамп и Клинтон го избраа својот фаворит, светски лидер!

од Vladimir Zorba

И двајцата претседателски кандидати на САД со заеднички фаворит

1469084000-trmp-prst
И двајцата кандидати за претседател на САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, во четвртокот изјавија дека светскиот лидер, на кого најмногу му  се восхитуваат е германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува The Daily Caller .
“Мислам дека Меркел е навистина исклучителен светски лидер, но бев многу разочаран кога таа го  презеде текот со имиграцијата “, истакна Трамп. “Отсекогаш сум бил обожавател на Меркел … но сметам дека таа направи трагична грешка пред година и пол”, додаде кандидатот на републиканците.

Кога на Клинтон и беше поставено истото прашање, таа истакна: “Еден од моите омилени е Ангела Меркел, бидејќи според мене тоа беше фантастичен, силен лидер за време на тешките времиња во Европа “. Кандидатот на демократите додаде дека “нејзината храброст пред бегалската криза е нешто што ме импресионира”.

Слични содржини