(ВИДЕО) Се чека Иванов, Иванов молчи – ќе се премисли ли?

од desk2
Сите очи вперени кон Иванов, Иванов молчи. Меѓународниот фактор повикува и очекува  шефот на државата да ја повлече одлуката и да го додели мандатот на новото парламентарно мнозинство, информира ТВ 24.
Иванов да овозможи трансфер на власта очекуваат и партиите кои застанааа зад Зоран Заев да го добие мандатот. Иванов да се премисли и денеска повторно повикаа од Бихаќка.
„Недозволиво е и од страна на Иванов, само за да го спаси Груевски да одговара за неговото криминално работење, да го крши Уставот и да ја пролонгира политичката криза на штета на граѓаните. Ако Иванов и Груевски навистина ја сакаат Македонија како што велат, тогаш тие би го почитувале Уставот и ќе се повлечат“, велат од СДСМ.
Партиски извори од коалицијата велат опциите за избор на Владата во Собрание, но и оспорување на одлуката на Иванов пред уставнит суд биле дискутирани, но велат дека решиле деновиве да почекаат Иванов да се премисли, поради фактот што велат состојбата е тензична и тоа може да се сфати како провокација за есклаирање. Освен тензичнита состојба дилема е и околу гласање на Влада без мандат потоа би можела да се оспори како не уставна.
Од партијата на Али Ахмети, пак, велат дека топката е во рацете на СДСМ и на Заев. Порачауваат за да решат колку би ја поддржале можноста за гласање Влада во Собрание, најпрво треба да има таква иницијатива од СДСМ, па потоа да се разгледаат сите аргументи.
Колку ова е планот Б кој што го најавија од Мала Речица не сакаше да одговри конкретно ниту лидерот на ДУИ во разговорот на ТВ 24.
„Овие прашања ги регулира Уставот и Собранието“ – изјави Али Ахмети.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини