Временска прогноза 22.11 2016

од Vladimir Zorba

 Времето во Македонија ќе биде сончево и тивко. По одделни котлини и по речните долини ќе има слаба магла особено во утринските часови, а преку денот видливоста ќе биде променлива. На планините и на повисоките места ќе дува слаб југоисточен ветер.esen

Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од седум до 16 степени.

Во Скопје сончево и тивко со појава на магла со променлива видливост.

Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до девет степени.

До четврток времето ќе биде стабилно и суво, по одделни котлини со појава на магла со променлива видливост.

В петок и сабота се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кога и маглата ќе се расее.

Слични содржини