Жесток секс или извинување со зборови … можат да ја спасат врската!?

од Vladimir Zorba

Мажите сметаат дека најдобро помирување по скандалот со партнерот е да се има добар секс, додека дамите преферираат формалното извинување, пишува Daily Mail.

Весникот го цитира истражување на специјалисти од Универзитетот “Букнел” во Пенсилванија. Екипата на проф. Џоел Вејд констатирал дека мачовците се најзадоволни, ако за помирување на партнерката и предложат секс или им направат мил гест.

На овој начин дамата може да покаже дека се уште е достапна за полов контакт и кавга нема да доведе до прекин на врската.

Жените имаат малку други барања.

По караница тие бараат знак на извинување од нивниот партнер и да им се посвети повеќе “квалитетно” време. Добредојдено е формалното извинување од страна на мажот и ако е придружено и со некоја солза – уште подобро. Тоа ќе покаже неповторлив начин на покајувањето на партнерот.

Зошто дамите сакаат да им се посвети повеќе внимание и време по скандалот?

Според проф. Вејд минувањето на повеќе часови заедно ќе посведочи за висока родителска посветеност на партнерот и на тој начин семејството нема да биде загрозено по караницата.

 

Истражувањето било извршено преку пополнување на специјални прашалници што биле поставени на интернер, а во нив имало 21 категорија на однесување за помирување.

Слични содржини