Одложено рочиштето Стаменковски против Панчевски: Мобингот

од desk2

Вработениот во кривичниот суд Горан Стаменковски повторно со своите адвокати повикал трудова инспекција во најголемиот македонски суд затоа што смета дека со дисциплинските постапки против него продолжува мобингот на работното место, информира Телма.

Неговите адвокати оценуваат дека зад малтретирањето стои поранешниот претседател на судот.

Адвокатот пак на Владимир Панчевски кој еднаш веќе е тужен за мобинг од судскиот службеник Горан Стаменковски тврди дека е обратна состојбата. Дисциплинските постапки против Стаменковски ги води комисија во судот, а не неговиот клиент Панчевски кој според него самиот трпи мобинг од тужбата.

Рочиштето по тужбата на Стаменковски против Панчевски за мобинг во соседниот граѓански суд денеска беше одложено. Но судската драма во кривичниот суд продолжи и оваа недела кога беше донесен нов распоред за работа со кој искусни судии се праќаат да судат прекршоци, а младите судии од кои некои од внатрешноста, а други од бомбите на Заев се ставени во одделот каде се работат предметите на СЈО./Телма

Слични содржини