Аналитичари: Посетата на Хан ќе помогне во формирањето стабилна Влада

од Vladimir Zorba

Аналитичарите сметаат дека посетата на комесарот за проширување Јоханес Хан ќе помогнат во создавање на постабилна влада во земјава. Митко Гаџовски вели дека новата влада треба да ја сочинуваат повеќе политички партии, со цел да се обезбеди стабилност и решавање на политичката криза.

albert

И аналитичарот Албер Муслиу за Алсат изјави дека Хан во Скопје испрати порака за смирување на политичката состојба.

„Главната порака на Хан беше оваа тензија која се создава во општеството, оваа атмосфера на притисок, треба да се надминат како и влевањето на страв што се прави кон граѓаните, политичките партии да делуваат така како што ветиле за време на кампањата, да се зафатат за работа и да почнат да работат. Ова се прави со создавање на нова влада и со започнување на приоритетните реформи, кои најмалку беа дел од кампањите на сите политички партии“. – изјави Алберт Муслиу, аналитичар

Коментирајќи ги последните закани на партијата на Груевски насочени кон ДУИ, Муслиу изјави дека тие не се ништо друго освен подготвување на ВМРО – ДПМНЕ за преминување во опозиција.

Слични содржини